Која е Камала Харис? Првата жена на позицијата потпретседател на најмоќната држава на светот

Пред да стане десна рака на Џо Бајден, била првата Американка со индиско потекло, и втората црна жена на позиција сенатор.

Камала Харис ќе биде првата жена на позиција потпретседател на најмоќната нација на светот.

Камала има јамајканско и јужноазиско потекло, бидејќи е ќерка на имигранти и израснала во семејство во која се негувале двете култури.

На позицијата потпреседател на САД, Харис ќе игра важна улога во формирањето на политиките и приоритизацијата на администрацијата на Бајден, додека истовремено ќе испраќа силна порака за тоа што е можно за жените, посебно од малцинствата.

Харис била обвинител пред да премине во Сенатот, и исто така своевремено се кандидирала за претседателка.

Бајден во август објавил дека токму нејзе ја избрал за десна рака, а таа исто така е член на правосудниот и разузнавачкиот комитет.

Како сенатор, ја поддржувала една од горчливите теми, ограничувањето на правната заштита која ја имаат полицајците во случај на насилство на должност, во момент кога Америка ја тресат бројни случаеви на насилство над невооружени, воглавно афроамерикански мажи.

Таа се залагала и за подигнување на платата на просветните работници и ограничување на можноста на државите да носат рестрикитвни закони за абортусот.

Во текот на кампањата, таа го нарекла Доналд Трамп кукавица. Таа е родена во октомври 1964 година, омажена е за адвокатот Даглас Емхоф и заедно со него одгледуваат две деца од неговиот прв брак.

Камала Харис, уште пред да има официјални резултати од изборите, го променила описот на својот Твитер профил во “избрана потпретседателка на САД”.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *