Кралицата Елизабета за сопругот: Беше моја сила и засолниште (ФОТО)

Бакингемската палата објави на официјалниот Инстаграм профил на браитанското кралско семејство почест на принцот Филип, сопругот на кралицата Елизабета, ден после неговото заминување во вечноста.

На профилот е објавен портрет на кој кралицата и принцот се наоѓаат еден до друг, со зборови кои кралицата му ги посветила на својот сопруг во говор кој го одржала повод прославата на нивната златна годишнина од бракот во 1997 година.

“Тој ми е, едноставно, сила и засолниште сите овие година и јас и целото негово семејство, и оваа и многу други земји, му должиме повеќе отколку што некогаш побарал или што некогаш ќе дознаеме” изјавила тогаш кралицата Елизабета.

Ширум Велика Британија денес е организирана почесна стpелба во чест на принцот Филип, кој по.чина во петокот на 100 годишна возраст.

Ожалостените Британци од утрината оставаат цвеќиња пред Бакингемската палата во Лондон, на која државните знамиња се на пола копје поради смр.тта на принцот Филип.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *