Кралицата Елизабета има преку 1.000 слуги, но оваа работа мора да ја направи сама еднаш во годината

Иако кралицата Елизабета во текот на своето владеење вработила повеќе од илјада слуги кои и помагаат во речиси сите работи, нејзиниот поранешен личен помошник Пол Барем открил во подкаст дека една домашна активност сепак најмногу сака да ја извршува сама.

Секоја година кралицата со семејството заминува на имотот Балморал во Шкотска, каде што летува, а тогаш често бара сама да ги испере садевите после оброкот.

“Обожава да оди и на излети, а храната и ја подготвуваме ние, но затоа сака сама да ги измие садевите. Таа навлекува гумени ракавици и навистина знае да ги измие, додека помошничката ги брише со сува крпа”, изјавил Барел.

Тој додал и дека кралицата има специфичен план за исхрана и дека јаде само помали оброци во денот.

“Не јаде божиќна вечера како поголемиот дел од нас, кои ги преоптоваруваме чиниите”, признал тој.

Барел за кралицата започнал да работи уште како 18 годишно момче, а во 1987. година станал личен слуга на принцезата Дајана.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *