Кралицата Елизабета и принцот Филип биле всушност роднини?

После заминувањето на принцот Филип, британските медиуми пишуваат бројни детали за неговата биографија и бракот со кралицата Елизабета. Една од најчудните информации е секако фактот дека кралицата Елизабета и принцот Филип биле роднини од четврто колено, пренесуваат британските медиуми.

Кралицата Елизабета е потомок на кралицата Викторија преку татковата страна. Викторија како англиска монархиња од 1876 до 1901 година имала девет деца, четири сина и пет ќерки. Кога кралицата Викторија по.чинала, нејзиниот најстар принц Едвард седнал на престолот во 1901 година, пред неговиот втор најстар син Џорџ да го наследи тронот во 1910 година.

После Џорџ Петти, на престолот доаѓа кралскиот стрико Едвард кој набрзо абдицира па круната му припаднала на кралскиот татко, кој го земал името Џорџ Шести.

Од друга страна, принцот Филип, кој е роден на 10. јуни 1921 година на грчкиот остров Крф како дете на грчко-данскиот принц Ендру и принцезата Алиса од Батанберг, е потомок на Викторија од страна на неговата мајка.

Принцезата Алис, ќерка на кралицата Викторија, се омажила за Лудвиг IV, Големиот војвода од Хесен, и заедно добиле седум деца, вклучувајќи го и нивното најстаро дете Викторија, кое подоцна ќе се омажи за роднината на својот татко, принцот Луис од Батанберг, 1884 година. Викторија и принцот Луис го добиле своето прво дете, принцезата Алис од Батанберг, која е мајка на принцот Филип.

Принцезата Алис од Батанберг на крајот се омажила за грчкиот и данскиот принц Ендру во 1903 година, за подоцна да роди пет деца, вклучувајќи го Филип, најмладото дете и син единец.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *