Креативна мајка за 500 денари направила чудо во кое уживаат нејзините деца, мачката и кучето

Како што раскажала оваа 33 годишна мајка на две деца за Телеграф, не знаела да шие на машина, но успеала да направи сјајна работа.

Поради темпото на живот, себе си често си го скратуваме задоволството да направиме некој домашен детал своерачно и потоа да уживаме во процесот и креацијата. Едноставно, денот ни е премногу краток.

Голем број работи можеме да ги најдеме на интернет и од тоа не дели само клик на телефонот или компјутерот, но некогаш не ни сфаќаме како нешто да го направиме сами.

Вистински пример за тоа е Валентина Јефтиќ, која сурфајќи на интернет наишла на столче кое во исто време е и дом за миленичиња, но бидејќи и било премногу скапо, одлучила со малку труд и минимални трошоци, да направи слична креација со помош на нејзиниот татко. Колку направеното столче ги воодушевило луѓето, зборува и фактот што таа собрала илјадници лајкови и позитивни реакции за нејзината креација.

-Идејата случајно ја најдов на интернет. Барав лежај за кучето кое го вдомивме од прифатилиште за животни, и случајно ми испадна ова. Се воодушевив кога го видов, но ми делуваше дека цената е доста висока, со оглед на тоа дека се рбаоти за интернет продажба, бидејќи доаѓа од Кина, па можно беше да треба да платам и царина. Брзо се откажав од купувањето, но потоа се сетив дека тоа можам сама да го направам – раскажала Валентина за српски Телеграф.

-Мојот татко е столар во пензија, и работеше на голем дел од домашниот мебел, така што не му претставува голем проблем.

Поголем проблем е што тој е во БиХ, а јас во Хрватска, па не можевме да се видиме и заедно да го набавиме потребниот материјал. Му ја покажав сликата која ја пронајдов и му дадов одговарачки димензии, па набрзо се фати за работа.

Како што открива, нејзиниот татко имал неколку дрвени даски дома, па тој материјал го обработил и го искористил за столче.

Валентина истакнува дека тоа парче било изработено за 10тина дена, но поради пандемијата столчето не можело да дојде до неа. Била принудена да продолжи со понатамошното уредување.

Валентина е иначе мајка на две деца, и дека нејзиното столче пристигнало после два месеци, односно, кога татко и го пратил по роднина.

-Столчето стигна после два месеци, а потоа се фатив за шиење. Само што започнав да учам како да шијам, така што не испадна совршено, но се трудев. Поголем проблем ми беше кроењето и мерењето. Купив сунѓер со дебелина од три сантиметри, со димензии 1х2метри и тоа го платив околу 11 евра.

Уживанција за синот, кучето Сани, но и мачорот

Купениот сунѓер го искористила како полнење за душекот, а навлаката ја сошила од постелнина за детски кревет. Како што таа вели, столчето станало атракција во нејзиниот дом во Загреб.

-Од вишокот сунѓер и ткаенина настана и перниче. На лежајот уживаат повеќе од нив, прво се излежуваше двегодишниот син Петар, а потоа и нашата Сани. понекогаш се качува и нашата мачка иако не се баш некои пријатели, но прават компромис и настанува обострано задоволство, раскажува таа.

-Не морам ниту да зборувам колку сме пресреќни што конечно имаме каде да ставиме шолја кафе или чај – додава таа.
Цената? Непроценлива!

Валентина, која живее и работи во Загреб во слободно време сака да се занимава со креативни работи, но не можела да претпостави дека нејзината креација ќе привлече толку многу внимание. Иако добила понуда да ја продаде својата креација, таа се откажала од тоа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *