Креативни : Во Бразил затвореници ископале тунел и побегнале од затвор

Големо бегство на осуденици се случи на југот на Бразил, кога 12 затвореници избегаа од затворот Пато Бранко, откако претходно ископаа тунел што минува под ѕидовите на објектот.

Полицијата успеа да фати четворица бегалци, додека осум затвореници се уште се во бегство, пренесоа бразилските медиуми. Нивното бегство беше снимено од надзорните камери, но локалните медиуми прашуваат зошто чуварите не реагирале порано.

Ова не e првпат на ваков начин да побегнат затвореници од Пато Бранко, откако 16 осуденици избегаа низ тунел во август.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *