Креаторот на вакцината против коpона има добри и лоши вести: Научникот откри нови информации

Вакцината која ја развија Фајзер и Бионтек би требало да стави крај на пандемијата.

Позади вакцината против коpона која во соработка ја развија фармацевтските гиганти, компанијата Фајзер и Бионтек, стои брачен пар научници од Турција, Узлем Турци и Угур Сахин.

“Ефикасноста на вакцината против ковид-19 позначајно ќе се почувствува во текот на предстојното лето, а животот би требало да се нормализира до следната зима”, изјавил професорот Угур Сахин.

Коосновачот на компанијата Бионтек Сахин смета дека оваа зима ќе биде тешка бидејќи вакцината нема да има голем еект на бројот на новозаразени, пренесе ББС.

Тој изјави дека, доколку работите и понатаму добро се развиваат, вакцината би требало да започне да се дистрибуира и кон крајот на оваа и почетокот на следната година.

“Цел ни е до април следната година ширум светот да се испораачаат повеќе од 300 милиони дози вакцини, што би требало да представува почеток на поголемата ефикасност на вакцината врз ширењето на пандемијата”, изјавил Сахин.

Тој наведе дека поголемата ефикасност на вакцината ќе се почувствува подоцна.

“Летото ќе ни помогне, бидејќи стапката на зараза во лето опаѓа, а она што е апсолутно неопходно, е да добиеме висока стапка на вакцинација до или пред есента/зимата следната година”, истакнал Сахин.

Според неговите зборови, од клучно значење е вакцинацијата да бдие завршена пред есента наредната година.

Шефот на Светската здравствена организација пред некој ден ја поздрави историската брзина со која е водена трката за вакцина против новиот вирус.

“Нема никаков сомнеж дека вакцината беше неопходна алатка за контрола на пандемијата, и охрабрени сме со прелиминарните резултати од киничките истражувања објавени оваа недела”, изјаввил Тедрос на затворањето на годишното собрание на СЗО. Тој мислеше на охрабрувачките резултати за вакцината кои ги објавиле американската и германската фирма Фајзер и Бионтек.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *