Кризата е толку голема, што малите презадолжени држави ќе потонат одеднаш

Огромната потрошувачката благодарение на испринтаните пари на многу земји претставува заkана од должничка криза или пропаст.

Пандемијата со вирусот се претвори во економски парадокс за целиот свет.

Меѓутоа, за најбогатите, како на пример, САД, Кина и Јапонија, дури и од трупањето долгови имаат само корист и стануваат уште побогати.

Како се случува тоа?

Според проценката на Американскиот институт за меѓународни финансии, до крајот на 2020. година вкупниот долг на сите земји во светот би можел да достигне 277 трилиони долари, или 365 отсто од светското БДП.

Во текот на годините, поради вирусот, таа цифра се зголеми за 15 трилиони долари.

Долговите на земјите во развој растеа посебно брзо. Моментално, нивниот вкупен долг го надминува нивното вкупно БДП за 210 отсто, додека во 2019 година тој процент изнесувал 185 отсто, а пред десет години 140 отсто.

Во мај во Аргентина, чиј долг на почетокот на 2020 година изнесуваше 323 милијарди долари, не беше во состојба да отплати ниту инострански обврски во износ од 500 милиони долари.

Државниот долг на Либан достигна 170 отсто од неговото БДП. Замбија е првата африканска земја која во ноември објави дека не е во состојба да го сервисира својот долг.

Во Латинска Америка, покрај Аргентина, вакви проблеми имаат и Еквадор, Суринам и Белизе.

Многу земји се приближија до финансиски kолапс поради потребата да драматично ги зголемуваат своите потрошувачки поради епидемијата.

Помеѓу нив е и Украина која во 2021 година ќе мора да отплати долг од 15,6 милијарди долари.

Труските јавни финансии исто така се најдоа во тешка ситуација, а во се поголеми проблеми е и Италија.

Меѓуто, африканските земји како Ангола, Кенија и Кмаерун ќе бидат главни кандидати за неизвршување на обврските следната година. Пакистан исто така би можел да има проблеми со отплата на кредитот.

Многу од земјите кои се најдоа во ваква ситуација, единствено ги спасуваат ниските каматни стапки. И, им одговара што американските Федерални резерви објавија дека референтната каматна стапка до крајот на 2022 година ќе се држи околу нула.

Тоа на САД им овозможува и понатаму да ја ѕидаат пирамидата од својот долг кој веќе надмина 26 трилиони долари, носе уште е нешто помалку под 100 отсто од БДП на таа земја.

Американскиот долг расте на штета на кредиторот, кои самите се многу посиромашни од Американците.

Американскиот долг е баран во широк спектар на земји се додека светот верува во доларот, САД имаат можност да ги финансираат своите потреби за насобирање на долгот, одложувајќи го враќањето за подоцна.

САД вшмукуваат капитал кој би ги развивал економиите на сиромашните земји, правејќи се себе си побогати. Со други зборови, одржувањето на американските пирамиди за државен долг го чува јазот помеѓу богатите и сиромашните земји, а тоа е голем глобален проблем.

САД и Кина како никој други, сфатија дека нема да има отплата на долгот, па со брзо темпо го ѕидаат својот долг.

Освен тоа, манипулираат и со националното БДП, преценувајќи го и извлекувајќи од тоа максимална корист.

Вториот најголем долг на светот го има Јапонија кој веќе долго е на ниво на 250 отсто од националниот БДП.

Додека богатите земји можат себе да си дозволат таква потрошувачка, другите држави би можеле да се најат во проблеми.

ММФ и Светската банка само ја зголемуваат нееднавкоста помеѓу земјите од првиот и третиот свет. Тешките услови и инсистирањето на реформи ги намалуваат конкурентските предности на земјите должници, а нивните потреби за нови кредити растат.

Помеѓу западните политичари и економисти се повеќе се оние кои сметаат дека единствениот вистински начин за решавање на проблемите со големите долгови е дозволување на високи инфлации во зоните со евра и долари во наредните 10 до 15 години
Инфлацијата од 10 отсто а 10 години би ги намалила долговите за 60 отсто, а за 15 години за цели четири пати.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *