Купете куќа за 1 евро, и добијте 25.000 евра за реновирање (ФОТО)

Доколку сакате да се преселите во сликовито средновековно село на Сицилија, сместено среде планински национален парк, сега е вистинската шанса да го направите тоа.

Местото Троина му се придружи на проектот во кој најслабо населените места се пополнуваат со жители преку продажба на недвижнина за 1 евро, што е веќе испробан рецепт во повеќе градови во текот на последните две години. Притоа, 1 евро е почетна цена на аукција, а заинтересираните купувачи даваат свои понуди помеѓу кои се бира таа која е најдобра.

Но, ова сицилијанско магично место со помалку од 10.000 жители замина чекор понатаму. Додека во досегашните понуди условот за купување на недвижнина за 1 евро бил дека недвижнината (а поголемиот дел во руинирана состојба) се обнови од свој трошок, додека ова место се одлучи дел од трошоците да ги превземе на себе.

Градското собрание ќе плати вкупно 25.000 евра на купувачите на напуштени куќи од кои 15 илјади за реновирање и 10 илјади за енергетска обнова. Новите жители на Троина притоа нема да мораат да плаќаат градски данок и данок на недвижнината во текот на првите три години.

Затоа не не чуди дека највата за продажба на куќи по ниска цена и покривање на дел од трошоците за реновирање предизвика голем интерес. Околу 30 куќи ќе бидат ставени на аукција овие денови, а подоцна уште стотина. Купувачите мораат да платат депозит од 5.000 евра, со кој ја докажуваат сериозноста на својата понуда, но тие им се враќаат откако ќе се заврши реновирањето.

Имаат две години за почеток на работите, а во рок од три години од купувањето се мора да биде готово.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *