Кучето често ја става шепата на вас? Еве каква порака сака да ви пренесе

Колби Ли, тренер на кучиња од САД, вели дека единственото однесување на кучињата кое експертите и ветеринарите ги интригира е она кога кучето ќе ја стави шепата на својот сопственик.

Јасно е, секако, дека тоа е нивен начин на комуницирање, односно знак дека сакаат да покренат комуникација. Во човечкиот свет тоа би било нешто како блага кашлица со која сакате да дадете до знаеење на соговорниците дека имате нешто да кажете, објаснила Ли.

Најчестиот облик на комуницирање на кај кучињата е лаењето и тогаш ни е во поголем дел јасно што сакаат да ни кажат, што што всушност значи допирањето со шепата? Одговорот го даде ветеринарката Сара Вутен.

“Има многу кучиња кои комуницираат со шепи, а причината е многу едноставно – ние така сме ги научиле. Кога кучето на сопственикот ќе му пружи шепа, поголемиот дел веројатно позитивно ќе реагираат, а неретко ќе понудат и награда. Така ги поттикнуваме тоа повторно да го направат”.

Со тој потег тие покажуваат задоволство, посебно доколку тоа го направат додека ги галите – во превод сакаат да ви порачаат дека е добро тоа да го правите и да продолжите понатаму. Често тоа ќе го направат и доколку сте престанале со галење, за да ви сугерираат повторно да почнете да го правите тоа.

Освен што со тоа покажуваат што самите сакаат, доколку видат дека сопственикот е нерасположен, кучињата со допир на шепата сакаат да му дадат до знаење дека се ќе биде во ред.

“Тоа е како да сакаат да ви кажат дека ве разбираат низ што поминувате и дека се ќе биде добро на крајот. Така ви ја покажуваат љубовта”, објаснува Вутон.

Исто така со допир ќе ви кажат и дека тие не се добро.

“По говорот на телото на кучето, ќе знаете дали ви дава срќена шепа или помалку среќна со која ви покажува дека не се чувствува добро. Тогаш не сака награда во облик на кекс, туку бара утеха”, вели ветеринарката Сара Оча.

Ветеринарите велат и дека самите веројатно ќе препознаат која од наведените причини одговара на оваа ситуација.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *