Лабаво си вежбаше, па случајно го сними почетокот на воениот пуч (ВИДЕО)

На социјалните мрежи се појави снимката на која случајно се откри почетокот на воениот пуч во Мјанмар.

На видеото, објавено и на Јутјуб, инструкторката по аеробик Кинг Хин Баи, снимајќи час по аеробик, всушност го сними почетокот на револуцијата во сопствената држава. Таа иначе, своите часови ги снима на булеварот Јаза Хтарни, кој води до зградата на парламентот.

Така беше и овој пат, кога во текот на својата утринска рутина случајно го сними почетокот на овој голем настан за нејзината држава.

Имено, во еден момент на снимката се гледа конвој од црни воени возила како се движат кон зградата на парламентот.

Во снимката која стана вирална, се гледа како таа несвесна за се што се случува, безгрижно продолжува да вежба додека војската го зазема градот и ап.си политичари, вклучувајќи ја и претседателката на владејачката Национална лига за демократија Аунг Сан Су Чи.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *