Лекар ги изненади буквално сите: Откри што се наоѓа во меленото кафе, и многу луѓе зажалија што пиеле

Сите љубители на кафе веројатно ќе размислат за тоа да понатаму го конзумираат својот омилен напиток откако ќе дознаете што лекарите пронашле во меленото кафе.

Каран Рај, доктор од Велика Британија, открил неодамна што се може да биде составен дел од меленото кафе, и дефинитивно изненади многумина, пишува Метро.

Имено, тој објаснил дека постои веројатност да во нашето мелено кафе има мал процент бубашваби и делови од други инсекти. Тоа никако не е намерно, туку тие инсекти едноставно случајно се нашле во месичките со кафе.

“Меленото кафе какво што го добивате во поголемиот дел од продавниците и маркетите содржи одредена количина бубашваби. Тоа обично не може сосем да се спречи. Така, тие само се печат и се сомелуваат со зрната кафе. Поголемиот дел од надлежните тела за храна дозволуваат одреден процент на делови од инсекти во нашата храна. Но, доколку сте алергични на бубашваби, би требало да не пиете мелено кафе”, објаснил овој доктор во видеото објавено на ТикТок.

“Ова навистина не требаше да го знам. Секој ден пијам кафе, само што ми го расипа утринскиот ритуал”, се вели во еден од многубројните коментари, под неговата објава.

Иначе, Агенцијата за храна и лекови од САД спроведе истражувања кои покажале дека до 10 отсто од зрната со кафе се контаминирани со бубашваби и други инсекти. Апаратите за пржење и мелење кафе не можат во целост да ги преработат, па инсектите само се печат и сомелуваат во зрното. Оваа агенција дозволува одредена количина на делови од инсекти во нашата храна се додека тоа не надмине одреден процент.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *