Лек, кој всушност го знаат и имаат сите дома, може да спречи коpона?

Аспирин, еден од најстарите и најмногу користени лекови, може да спречи инфекција со ковид, заклучиле израелските научници.

Како што е наведено во стручно рецензираното истражување, тие откриле кај личности кои земале мала доза на аспирин, дека постои 29 отсто помала можност да бидат тестирани позитивно, пренесуваат израелските медиуми.

“Навистина бевме возбудени кога видовме големо намалување на бројот на позитивно тестирани луѓе и тоа овозможува ветувачки резултати дека аспиринот, толку добро познат и евтин лек, може да биде од корист во борбата против пандемијата”, изјавила Милана Френкел Моргенштерн од Универзитетот Бар Илан за израелските медиуми.

Со тоа, кај оние кои пијат аспирин ковид-19 трае пократок и тие помалку патат од последици на зараза, додала таа, со напомена дека тоа е многу важно, бидејќи продолжената болест е загрижувачки феномен.

Истражувањето се фокусирало на луѓе кои користат аспирин од 75 милиграми за примарна превенција на кардиоваскуларни болести, но од нив се уште не боледуваат.

Истражувањето е спроведено во соработка со споменатиот универзитет, здравствените служби Leumit и Медицинскиот центар Барзилаи, а објавено е во журналот FEBS.

Професорот Ели Маген, водечки автор за запазување на можните корисни ефекти од ниските дози на аспирин на ковид-19 ги означи како “прелиминарни, но ветувачки”.

Милана Френкел Моргенштерн изјавила дека истражувањето е во рана фаза и дека таа се надева дека ќе доведе до понатамошно проучување, нагласувајќи дека не препорачува луѓето самите себе да си препишуваат аспирин и да го користат на своја рака.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *