Лоши вести за луѓето, еве до кога ќе треба да носите маски, без разлика дали сте ваkцинирани или не

Иако не може тоа сигурно да го потврди, водечкиот америакнски епидемиолог смета дека нема да можеме наскоро да ги тргнеме маските.

Водечкиот американски епидемиолог доктор Ентони Фаучи изјави неодамна за СиЕнЕн дека маските можеби ќе се носат и во 2022 година, истакнувајќи дека дневниот број на случаеви на заразени не е ниту во близина каде што требало да биде.

Луѓето ќе мора да носат маски и следната година додека дневниот број на случаеви не падне и додека поголемиот дел од луѓето не бидат ваkцинирани.

-Верувам дека тогаш ќе можеме да кажеме дека не мора сите нужно да носат маски. Но, доколку моментално имаме ниво на вируси кои беа на ниво од пред шест месеци, што е многу подобро отколку порано, тоа е и понатаму високо ниво на вируси во заедницата.

Дневниот број на зараени мора да падне – напомена тој.

Фаучи напоменал дека не сака да изнесува никакви конкретни проекции бидејќи доста тоа може да се промени вклучувајќи ги и мутациите на вирусот.

-Ништо од ова не можам да тврдам. И понатаму не знаеме што ќе се случи. Ова се само проекции, но сешто може да се случи што може да влијае на оваа ситуација – додал тој.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *