Лоши вести за Македонија: Погледнете какво време не очекува, поројни дождови и ветер, но и снег

Времето денес ќе биде умерено до значително облачно со локални врнежи од дожд, со значително посвежи температури на северот и на западот од земјата, стои во информациите од управата за хидрометеоролошки работи.

Според УХМР, на места ќе биде нестабилно со пообилен и пороен дожд, засилен ветер и појава на ретки грмежи.

На планините на северозапад пак, се очекува врнежите да бидат од снег. Максималните температури ќе се движат во интервал од 3 до 7 степени, додека максималната температура ќе се движи од 12, па се до 19 степени.

Во главниот град се очекува променливо облачно време, со повремен, краткотраен дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од западен до северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 13 степени.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *