Луѓето родени во овој месец најдолго живеат: Научниците открија и зошто е тоа така

Луѓето родени во октомври имаат поголеми шанси да доживеат длабока старост, покажало едно истражување.

Имено, истражувачите од Универзитетот во Чикаго ги споредиле податоците од стогодишниците родени во октомври во период помеѓу 1880. и 1895. година со податоците на нивните браќа и сестри, како и нивните брачни партнери.

Истражувањето покажало дека лицата родени во октомври имаат многу поголеми шанси дека ќе доживеат сто години од оние родени во април. Исто така, заклучиле дека луѓето родени во септември и ноември исто така живеат подолго од просекот.

Постојат неколку теории кои се обидуваат да ги објаснат податоците до кои дошло новото истражување. Според една теорија, бебињата родени во октомври се помалку изложени на сезонски болести бидејќи во октомври нема ниски или високи температури, за разлика од децата кои се родени во текот на летото или зимата.

Можеби раѓањето во текот на есента, штити од сезонски болести, а тоа може да влијае на нечија долговечност. Сепак, истражувачите не се стопроцентно сигурни во оваа теза.

Многу фактори се во игра, а голема улога игра и генетиката. На долговечноста повеќе влијаат навики во исхраната, физичката активност, избегнувањето на лоши навики, како пушењето или други поpоци.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *