Луѓето со оваа крвна група имаат помал ризик да се заразат со ковид-19

Некои лица имаат зголемен ризик од зараза со ковид-19.

Во најранливите групи спаѓаат постари личности со постоечки здравствени состојби, лица кои имале трансплантација на орган, лица со одреени малигни болести или тешки болесни на дишниот систем.

Но, според новото истражување лицата кои имаат нулта крвна група имаат помал ризик од зараза со ковид-19.

Истражувањето било објавено во магазинот Annals of Internal Medicine, а опфатило 225.556 испитаници чија просечна старост изнесувала 54 години.

Истражувачите откриле дека лицата со нулта крвна група имале ризик од зараза 12% помал во однос на лицата кои имале крвна група А, АБ или Б.

Освен тоа, нултата крвна група била поврзана и пониската смр.тно.ст од оваа болест. Ризикот од см.рт.ен исход или развој на тежок облик на ковид-19 бил за 13 отсто помал кај лицата кои имале нулта крвна група.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *