Луѓето со оваа крвна група се поотпорни на коpонавирус од останатите

Некои од најновите истражувања за коpонавирус и напорите да се пронајдат лекови и вакцини против ковид-19 сега и се познати на пошироката јавност.

Ројтерс пренесува дека големо истражување кое е направено во Канада, нуди докази дека луѓето кои имаат нулта крвна група или се Рх негативи, имаат помал ризик да се заразат со коpонавирус.

Од 225.556 Канаѓани кои се тестирани на вирусот, оние со нулта крвна група имале за 13% помал ризик да заболат од потежок облик на ковид во однос на оние со други крни групи, наведува магазинот “Anals of Internal Medicine”.

Луѓето со било која крвна група кои се Рх-негативни исто така се донекаде заштитени, посебно доколку имале нулта негативна крвна група.

Луѓето со ниско ниво на витамин Д, имаат поголем ризик да заболат сериозно од ковид-19, но од друга страна високото ниво на витамин Д, не ги решава проблемот.

Зголемувањето на нивото на витаминот Д, кај критично болните пациенти, имено, не го скратило престојот во болница ниту шансите за преместување на интензивна нега, ставање на респиратор или губење на животот, утврдиле доктори во Бразил.

Оние кои ја прележале болеста ковид-19 имаат корист од домашна здравствена помош после отпуштањето од болница, покажуваат новите податоци.

Научниците од Универзитетот во Пенсилванија и Универзитетот Виланова проучувале 1.409 пациенти кои имале домашна здравствена заштита, а од кои речиси половина биле помлади од 65 години.

Кога се отпуштени, 80% и понатаму имале недостаток на здив, поголемиот број пријавиле анксиозност или конфузија, а повеќе од 80% имале таква состојба што неопходна им била помош при одење, облекување или капење. Но, после отприлика 32 дена од домашна здравствена помоп, 94% од нив повеќе немале потреба од неа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *