Лyдница на изборот за МИС: И ја украде круната на победничката (ВИДЕО)

Победничката на еден избор за мис на Шри Ланка натпреварувањето го завшри со повреда на главата откако настана лyдница на бина во текот на доделувањето на титулата.

Пушпика Де Силва ја освои титулата за најубава госпоѓа на Шри Ланка, а свеченоста се пренесуваше на национална телевизија.

Меѓутоа, неколку моменти подоцна, добитничката на титулата од 2019 година, Кероајн Јури, и ја одзеде круната на Де Силва, тврдејќи дека таа титула не може да биде нејзина бидејќи е разведена.

Имено, правилата на изборот е дека натпреварувачките треба да се во брак и дека не смеат да бидат разведени.

“Постои правило кое спречува а се натпреваруваат жени кои веќе се омажиле и развеле па превземам чекори да ја добија круната како второпласирана” изјавила таа за публиката. Во тој момент, Де Силва во солзи ја напушти бината.

Подоцна, на Фејсбук напиша дека морала во болница поради повредата на главата настаната додека Јури ја тргала нејзината круна.

Организаторите дополнително и се извиниле на Де Силва и и ја вратиле круната бидејќи е утврдено дека таа не е разведена, туку дека таа и сопругот моментално живеат одвоено.

“Вистинската кралица не е жена која ќе ја украде круната на другата жена, туку жена која дискретно ќе ја поправи круната на друга жена” заклучила Де Силва.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *