Магазинот Тајм го именува за “Дете на годината”: 13 годишен научник кој создава чудо, целиот свет зборува само за него

Магазинот „Тајм“ го именува инвенторот – тинејџер Гитанјали Рао прво „дете на годината

15 – годишниот научник и инвентор Гитанјали Рао е именуван за првото „дете на годината“ на магазинот „Тајм“.

Овој научник користел технологија за да реши проблеми со контаминирана вода за пиење, за зависност од опиоиди и за наcилство преку интернет.

Тој потекнува од Денвер, Колорадо и има измислено нови технологии во неколку области како и уредот за детекција на олово во вода за пиење, и апликација и екстензија за „Гугл Хром“ која со помош на вештачка интелигенција открива насилство преку интернет.

Рао верува дека може на тој начин да ги инспирира и другите да се обидат „да ги решаваат проблемите во светот“.

5000 кандидати од САД се надевале дека ќе ја добијат наградата, а изборот бил стеснат на петорица финалисти и тоа од страна на комитет на млади луѓе заедно со комичарот и ТВ водител Тревор Ноа. Овие финалисти ќе гостуваат и во ТВ емисија.

„Не изгледам како вашите типични научници. Се’ што гледам на ТВ е постар, обично бел маж како научник“, вели тој во интервју со актерката Анџелина Џоли.

Тој вели дека неговата цел сосема се сменила, со тоа што не само што сакал да има негови уреди кои ќе го променат светот, туку и дека ќе ги инспирира другите да го прават истото. Затоа, како што вели тој, сака да порача дека ако тој може да направи нешто, може секој.

Магазинот „Тајм“ ја дава наградата ‘маж на годината’ во 1927, подоцна преименувана како ‘личност на годината’, но овој пат е прв пат да се додели награда ‘дете на годината’. Најмладата личност која лани ја доби наградата е климатската активистка Грета Тунберг.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *