Мажите среќни, се повеќе жени прекинуваат да користат шминка

Новонастанатата ситуација предизвика пад на купувањето на козметички прозиводи, пред се шминка за лице.

Како што пренесува дневниот весник “Il Manifesto” купувањето на кармин опаднало за 24% на светско ниво, а продажбата на шминка за очи е намалена за 10%.

Оваа разлика, според авторот на статијата, може да се објасни и со фактот дека под заштитната маска карминот на усните може да предизвика само штета, да се размачка по лицето и да ја извалка маската, а усните со кармин секако не се гледаат.

За индустријата со козметички производи, како и за поголемиот дел од нас, новонастанатата ситуација предизвика сериозни проблеми.

Од јануар до јуни оваа година, продажбата на руж за усни е намалена за цели 60%, а во исто време се продавало речиси 30% помалку шминка за очи во споредба со истиот период минатата година.

Овие податоци од светската група за испитување на јавното мислење ги потврдуваат и истражувањата кои изминатите два месеца ги спроведе италијанската национална асоцијација на произведувачи на козметички производи. Истражувањето, имено, покажува дека италијанските произведувачи на козметички производи поради намалениот извоз ќе изгубат 15% од приходите во однос на минатата година.

Овие проценти пресметани во евра, покажуваат десетици, ако не и стотици милион евра загуба.

Јасно е, како што заклучува авторот, дека жените затворени во домовите поради новонастатата ситуација, не користат премногу козметички производи.

А можно е, и поради обврските во домот и новонастанатата ситуација, жените едноставно да немале време да се шминкаат, имајќи го во предвид фактот дека огромен процент на луѓе започнаа со работа од дома.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *