Македонија слави, ечи Бисер Балкански: Победничко оро на нашите фудбалери (ВИДЕО)

Македонија слави ИСТОРИСКИ УСПЕХ!

Доколку македонско девојче беше синоним за Кометал Ѓорче Петров, Излези момче право на тераса беше симбол за Македонската кошаркарска репрезентација, Ој Вардаре за Европскиот ракометен шампион Вардар, тогаш Бисер Балкански веруваме дека ќе биде симбол за Македонската фудбалска репрезентација.

После одличната игра и историскиот триумф, токму на оваа песна, избраниците на селекторот Ангеловски по историскиот успех и пласманот на Европското првенство, решија да заиграат оро на центарот на фудбалскиот терен во Тбилиси, главниот град на Грузија.

Погледнете го видеото во продолжение:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *