Македонски херој: Чичко Симе го нацрта сонцето од Кутлеш на камен долг 30 метри, МАКЕДОНИЈА ВЕЧНА

На социјалните мрежи деновиве наголемо се споделуваат фотографии од еден интересен момент кој ги направи горди не само Македонците кои живеат во Македонија, туку и Македонците кои живеат насекаде низ светот.

Па зар има поголем човек од Чичко Симе?

Станува збор за долгогодишна желба на чичко Симе, дедо Живе и Цане која пред неколку дена стана реалност, успеале да го нацртаат сонцето од Кутлеш на камен чија должина изнесува цели 30 метри.

Еден од тројцата, чичко Симе, малку по малку пеш, без никаква помош, го носел материјалот на планината каде е направено ова ремек дело.

Сонцето е направено на Бушева планина во Крушево, на местото викано шестар. Зарем чичко Симе не ви го направи денот попрекрасен?

Инаку, чичко Симе редовно може да се забележи како пешачи и на Водно, а со години макотрпно ја пошумува планината и досега има насадено стотици, ако не и илјадници нови дрвца. Македонија има потреба од повеќе луѓе како чичко Симе.

Чичко Симе, да си ни жив и здрав милион години! Македонија вечна!

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *