Манекенката во солзи: Мојот син има 180 килограми и постојано краде храна

Манекенката и водителка Кејти Прајс откри дека нејзиниот син Харви краде замрзнати пици и ги јаде живи во очајна потрага по храна.

Контроверзната манекенка и мајка на пет деца, го кажала тоа кога раскажувала за неговата килажа од речиси 180 килограми. Кејти го добила Харви на 23 години, кој боледува од ретко генетско пореметување познато како синдром „Prader-Willi“, аутизам и од „ADHD“, а со тоа е и речиси слеп.

Заради неговата состојба тинејџерот е постојано гладен, а лекарите ја предупредиле неговата мајка дека постои сериозен ризик од срцев удар ако не ослабе.

Британската ѕвезда која ја следат над 2,3 милиони следбеници на инстаграм, признала: „Му кажувам дека неговиот живот е загрозен, на што тој одговара: Не, не биди луда, се шегуваш.“

„Не разбира никако.Секогаш бил буцкаст, но ова е премногу“, додала таа и кажала дека нашла само две онлајн продавници од кои може да му купи облека.

„Кога се качува по скали се препотува и останува без здив“ вели бившата ријалити ѕвезда, пренесува „The Sun“. „Стварно сум загрижена заради неговата тежина, ама не знам што да направам. Луѓето ме прашуваат зашто едноставно не му скратам храна, но не разбираат. Кога ќе му кажам не, почнува да крши предмети или удира со главата во ѕид.“

„Но нема време за чекање, мора итно да ослабе“.

„Синдромот „Prader-Willi“ е страшна болест. Осеќа глад постојано. Секој пат кога јаде, неговиот живот е во опасност. Иако јадењето го прави среќен, страшно е ова што го правам“, вели манекенката.

„Мора да ослабе инаку ќе умре. Не сакам да го изгубам, цел живот е пред него, има само 18 години. Ќе направам сѐ што треба да му помогнам“, додала Кејти и признала дека попрво она би умрела отколку нејзиниот син.

Во средината на јули Харви завршил во болница, а на Кејти и било кажано дека можно е да му откажат органите и да падне во кома. На интензивна нега поминал 10 дена.

Кејти сама го одгледала Харви, откако неговиот татко и бивш фудбалер во Манчестер Двајт Јорк, ги напушти.

Author: A S

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *