Манекенка им помага на жените да го уловат партнерот на дело: “Дали би бил со мене во врска?”

Прекрасна инстаграм инфлуенсерка одлучила да им помогне на другите жени, и да обелодени со какви мажи тие излегуваат.

Инстаграм моделот Пејџ Вулен им помага на жените да ги фатат партнерите кои ги изневеруваат.

Дваесетишестгодишната убавица од Калифорнија собрала повеќе од 207 илјади следачи на Инстаграм, а води и посебен профил на кој ги документира непримерните коментари на мажите.

Манекенката исто така го искористила својот изглед да ги фати мажите кои шараат, а неодамна открила и како започнала со тие акции.

Како што вели, забележила дека голем број мажи кои и испраќаат приватни пораки, на своите профили имаат фотографии со своите девојки.

Тогаш се прашувала дали тие девојки знаат дека нивните партнери испраќаат пораки до Инстаграм модели, па одлучила на своите женски следачи да им понуди помош во откривање на партнерот во афера.

Потоа објавила пораки во кои прашувала мажи дали би биле во врска со неа.

-Изненадувачки, поголемиот дел од нив или не одговориле, или напишале нешто лошо, а некои дури ме известија дека имаат девојка. Само неколку од нив лажеа и рекоа дека се слободни – објасни младата девојка.

Но, набрзо фатила еден маж кои се обидел да шара.

-Ми делува дека си сладок. Би сакала да се видам со тебе, ако си слободен, секако – му напишала таа.

-Прилично сум слободен, имаш ли Снепчет? – одговорил тој.

Уште неколку од нив ги фатила во лага, а некои мажи кои ги ги фатила на дело, постојано испраќале негативни коментари до преубавата инфлуенсерка.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *