Манчестер Сити не го сака Меси: “Тој е стар и премногу скап”, кои клубови сакаат да го купат најдобриот играч?

Меси доживеа разочарување, никој не сака да го купи: “Тој е стар и премногу скап”.

Прашањето кое се наметнува, кој може ако не може Манчестер Сити, еден од најбогатите клубови во Европа? Има неколку решенија, но Сити не е едно од нив.

Ѕвездата на Барселона, Лионел Меси бил многу блиску да ја напушти Каталонија и на лето да пронајде друг ангажман. Многумина помислиле дека тоа ќе биде Манчестер Сити, но доверливи извори тврдат дека тоа веројатно никогаш нема да се случи.

Договорот на Меси истекува наредното лето и тимовите, секако оние кои можат, размислуваат за тоа да го доведат еден од најдобрите фудбалери во своите редови. Тоа, по моменталниот став, со сигурност не е Манчестер Сити, каде што од доверливи извори, сметаат дека платата на Аргентинецот е астрономска и преголема.

Секако покрај платата, “граѓаните” размислуваат и за годините, а Аргентинецот наредната година ќе наполни 34 години.

Прашањето кое се наметнува е кој клуб може да си го дозволи најдобриот играч, ако не се тоа граѓаните од Манчестер? Има неколку решенија, кои се сосема поинакви сценарија од досегашните.

-Дури и самиот Меси изјавил дека полека се приближува до пензија иако тоа никој не сака да го прифати. Тоа се оди рака под рака со финансиите, бидејќи и да дојде за џабе, неговата плата е неверојатно голема. Тој заработува околу 100 милиони евра годишно. Можеме слободно да кажеме дека тоа би било проблем за секоја екипа на планетата, погтово сега кога се наоѓаме во најголемата фудбалска криза поради пандемијата – наведува добро известен извор од Манчестер Сити.

Барселона оваа сезона не стои онака како што сите очекуваа, одбраната е многу ранлива, креативноста на фудбалерите е на ниско ниво и многумина сметаат дека заминувањето на Меси во 2021 година е неминовно.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *