Мапата на просечни плати во земји од Европа ќе ве изненади, погледнете каде се најде Македонија (ФОТО)

Во време кое е огромен предизвик за целиот свет, е објавена мапата која покажува колкави просечни плати се земаат во Европа.

Оваа мапа ја прикажува просечната бруто плата во земјите на Европа и на неа многу убаво се гледа колку Балканот заостанува зад Западот, а за жал, се повеќе не престигнуваат земји кои некогаш биле далеку позади нас.

Македонија по просечната заработкаа се најде во друштво на Србија, Црна Гора, БиХ, Албанија и Бугарија, кои сите заедно имаат просечна заработка помала од 1.000 евра месечно.

Според податоците на Заводот за статистика, просечната нето плата во Србија во 2020 година изнесувала 66.092 динари, што е точно 560 евра, додека Македонија остана далеку зад Србија и просечната нето плата во Македонија (според податоците од декември 2020) изнесувала нешто повеќе од 28.000 денари (што е помалку од 500 евра).

Од наша перспектива, неверојатно е да се замисли дека постојат земји во кои се заработуваат околу 5.000 евра месечно, но со тоа можат да се пофалат на пример Швајцарците и Данците.

Погледнете ја фотографијата во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *