Марадона ги отстранил ќерките и сопругата од тестаментот, целото богатство ќе оди кај овие луѓе

Диего Марадона имаше бурен живот и многу деца.

Многу деца и многу жени пред суд значи – многу потенцијални наследници! А тоа создава судски проблеми и голема медиумска бучава.

Проценето е дека Марадона во текот на животот заработил околу 500 милиони долари, но Аргентинецот не бил познат како некој кој знае да штеди, па така од таа цифра на крај останале околу 75 милиони долари.

“Тоа ќе биде војна на неговите наследници за богатството кое Марадона го оставил”, изјавил новинарот Хулио Чиапета, добро упатен во случувањата околу славниот фудбалер.

Најновите вести зборуваат за тоа дека тестаментот на Диего Армандо Марадона е отворен, а некои ставки од него покренаа лавина реакции, коментари, но и идни судски процеси.

Клаудија Вилјафане, сопругата која беше во брак со Марадона 24 години, е исклучена од тестаментот. Во тестаментот нема ништо ниту за неговите ќерки Џалма и Џанина, со кои славниот аргентинец имаше многу добро односи во текот на животот.

Аргентинскиот угледен дневник Кларин јавил дека Марадона неодамна одлучил да ги исклучи Клаудија, Џалма и Џанина од наследството. Со својата поранешна сопруга Марадона не бил во добри односи од порано, бидејќи ја обвинил за кражба.

И тоа не мала – на Диего му исчезнале 6 милиони долари од сметката и 458 многу важни и вредни сувенири кои ги собрал во текот на кариерата. Ќерките во таа прилика застанале на страната на мајката, што пресудило сега да бидат исклучени од наследството.

Марадона имал пет признати деца кои се родени од 1986. до 2013. година, но далеку од тоа дека тоа е се. Уште четири жени тврдат дека имаат деца со Марадона, вкупно шест луѓе тврдат дека Марадона им е татко.

Непризнатите деца исто така сакаат дел од колачот кој ќе биде поделен наскоро. Еден од непризнаените синови отиде толку далеку што побара Марадона да биде откопан за да се потврди дека му е татко.

Имотот кој ќе се дели е импозантен, а можностите се наразични. Од авторски права на неговиот лик и дело, преку пари, станбени објекти, до фабрики, хотели, накит, вредни фудбалски сувенири, автомобили и скапоцена облека.

Ова ќе биде долг и исцрпувачки процес, а сапуницата околу неговото наследство ќе продолжи да трае. Ова е само почеток.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *