Мајка доживеала најголемо понижување на лет : “Поради големите гради сакаа да ме исфрлат од авионот”

Патувала со седумгодишниот син, а ја обвинила авионската компанија за дискриминацијата и понижувањето кои ги доживеала пред него.

Исто така открила дека тој лет бил втор лет во денот, и дека на претходниот лет се качила без никакви проблеми. Но, овој не минал толку лесно.

Ив се плашела дека ќе мора да остане на аеродромот меѓу своите две одредишта – бидејќи немала резервна облека со себе. Стјуардесата и пришла дури кога се подготвила за почетокот на летот, и кажала дека мора да се пресоблече или ќе мора да го напушти авионот.

Со оглед на тоа дека немала друга облека, а не сакала да го напушти авионот, стјуардесата и го дала сопствениот џемпер кој Ив морала да го има на себе во текот на целиот лет. Таа тврди дека, и покрај тоа што прашала кој кодекс го крши, никој не успеал да и даде директен одговор.

Исто така вели дека била во контакт со авионската компанија и побарала да и се испати отштета за понижувањето кое го претрпела пред својот син и другите патници.

“Никој не можеше да ми каже која точно е нивната политика за правилата на облекување. Парите што ги барам не се доволни за понижувањето и дискриминацијата која ја добив на летот”, рекла таа.

Открила дека троши многу пари за летови со оваа компанија на годишно ниво, а дека оваа година со нив била на 32 патувања – на некои во истата облека.

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *