Мајка на десет деца почина 11 дена откако ја родила првата ќерка

Помалку од две недели откако ја дочекала првата ќерка, починала мајка на десетина деца од Тексас.

Соња Харлоу со години се молела да добие ќерка, изјави нејзиниот маж Спенсер за “The Bluebonnet News”. Молитвите и се слушнаа на 5. ноември кога ја роди ќерката на која и даде име Елијана, што значи “Бог одговори”. Само 11 дена подоцна, ја изгуби битката за живот.

“Не знам како ќе живеам без неа”, изјави нејзината најдобра пријателка Ненси Лежер Дејв која започна хуманитарна акција за семејството Харло на GoFundMe.

Соња (39) имала компликации во текот на бременоста, како прееклампсија, поради што не можела да работи.

“Не работеше со месеци пред породувањето, па нејзиниот маж сам финансиски се грижеше за сите десет деца”, додаде Ненси.

“Имала само момчи дома и се молела за девојче. Ја нарековме Елијана, таа е божји одговор на нашите молитви”, додаде Спенсер.

Се беше идеално до минатиот понеделник, кога Спенсер го разбудиле гласовите на неговата жена.

“Се свртев и видов дека умира. Ја оживувавме до доаѓањето на итната помош, но изгуби знаци на живот, беше предоцна”, раскажа тој.

“Бидејќи нејзината смрт била изненадна, немало животно осигурување и заштеди. Сите пари ќе бидат потрошени за погреб, а доколку нешто остане, тоа ќе биде за децата”, изјави пријателката на покојната Соња.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *