Мајка се најде на мета на критики: Нејзиниот двегодишен син мие садови, готви и чисти, сите прашуваат како му дозволува

Додека едни ја осудуваат за лошо родителство, други ја прашуваат за совети. Погледнете кои се методи ги практикува оваа мајка.

Овој двегодишник има повеќе животни вештини од многу студенти. Џекс Тејлор може со мала помош да свари чај, корсити машина за перење алишта, но знае и да подготвува јадења. Родителите му дозволуваат самостално да ги извршува домашни работи и да учи на сопственото искуство и на своите грешки.

Гордата мајка Флоренс го научила синот да биде целосно независен користејќи на Мотесори методата. Оваа метода на воспитување им дава на децата прилика да го учат и истражуваат светот самостојно. Додека некои родители во тоа гледаат проблем, мајката на Џексон смета дека нејзиниот син си е сам по себе доволен.

Со помош на овие техники, родителите на малото дете го поттикнуваат самосталното учење. Во две години нејзиниот син научил да готви, пере облека и садови, како и да ја чисти куќата.

Флоренс од западен Сасекс вели: “Ми се допадна идејата мојот син да биде самостоен, мотивиран, и да се развива на правилен начин”.

“Се работи за тоа како родител да бидат тука и да се грижам за него, но исто така да му дозволам самостојно да се развива”, истакнала таа.

“Во воспитувањето нема пофалба или казнување, само насоки и природни последици. Исто така голем акцент на она што го нарекуваме “практична животна работа”, а тоа се секојдневните активности, како перењето алишта. Му дозволувам на син ми да ми се придружи во готвењето, перењето садови и било што друго што го интересира. Многу е независен и сака да учи. Без потреби да целото време зборуваме “оди да си играш, се уште си премногу мал за тоа”. Нашиот син научи вештини кои некои возрасни личности кои ги запознав ги немаат”, порачува мајката Флоренс.

“Знае како да ја избере вистинската програма за перење алишта, каде да го стави омекнувачот, како и да префрли на сушење кога перењето е готово. Влегов во кујната и го видов како го префрла програмоторот од перење на сушење алишта, а се што требаше да направам е да се заблагодарам”, додава оваа мајка.

“Отсекогаш го интересирало готвење, па му го дозволив тоа. Имаме ножеви за мали деца и садови за готвење, а сам може да подготви лазањи, болоњезе и омлет. Секогаш сум тука да го чувам. Користи шпорет, но знае дека е жежок и дека не смее да го допири, и никогаш, дури ми рече еднаш да ја поместам раката бидејќи била на вклучениот шпорет”.

Вообичаената изрека во Монтесори заедницата е дека на детето треба да му се пружи онолку помош колку му е потребно, а до таа изрека се придржува и оваа мајка.

Таа додала: “Мојот син знае да направи чај, од почеток до крај. Целата постапка ја прави освен што не го точи чајот од чајникот, воглавно затоа што е преголем и претежок за него. Сепак, разбира дека е жешко и дека не смее да го допира. Потоа ги процедува кесичките чај, ги вади, ги меша и готово”.

Малото и неговата мајка уживаат во плодовите од својата работа.

Освен што му дозволува на малиот самостојно да донесува одлуки, Флоренс го поддржува и во стекнување на различни вештини, како на пример преминување на улица.

Мајката Флоренс објаснува: “Секако дека сум тука, подготвена да го сопрам кога трча по улица, ако е потребно, но секогаш му овозможувам шанса да донесе правилна одлука и тоа воглавно секогаш го прави”.

“Безбедноста на улица е задолжително и е најдобро да што порано го научи тоа”, смета Флоренс.

Малото, како што тврди неговата мајка, секогаш е на сигурно и под надзор, но исто така и дека му се дава порстор за грешки и учење од нив.

Флоренс го поддржува Монтесори методото, а го подржуваат и нејзините пријатели и семејството.

Паралелно на тоа, некои се критични кон оваа метода на воспитување и тврдат дека тоа е занемарување на детето, загрозување и лошо родителство. Мајката Флоренс се наоѓа дека што повеќе родители ќе го испробаат нејзиниот пристап и нагласуваат дека е неопходно прво да ги истражи сите методи и техники на Монтесори, а после тоа внимателно да ги избере вистинските.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *