Меган и Хари токму оваа личност од Кралското семејство ја обвинија за pасизам (ФОТО)

Обвиненијата за расизам во кралското семејство кои беа изнесени во интервјуто на Хари и Меган Маркл подигнаа прашина во целиот свет, а бидејќи тие двајца одбија да ја именуваат личноста која го покренала прашањето за бојата на кожата на нивниот син Арчи, долго се погодуваше за кој точно се работи.

Британската авторка Лејди Колин Кембел тврди дека во прашање е принцезата Ана, кралска ќерка, но инсистира дека коментарот на Ана е погрешно сфатен и дека всушност се однесувал на грижата како Меган ќе се вклопи во кралското семејство.

“Хари поради спомнувањето на културите сфатил дека тука се работи за бојата на кожата. Ана изразила грижа за последиците од дозволувањето да некој таков се вклучи во кралското семејство и изјавила дека тоа нема да предизвика проблеми само за семејството, туку и за децата кои ќе настанат од таа врска. Хари веднаш побрзал тоа да и го пренесе на Меган. Се работи за личност која едвај чека да пронајде проблем таму каде што го нема”, тврди Кембел.

Кралското семејство, како ниту Меган и Хари засега не ги искоментираа овие тврдења.

Да се потсетиме, Меган во интервју изјавила дека на Арчи не сакале да му ја дадат титулата принц поради загриженост околу бојата на неговата кожа.

Кембел во својот поткас “Chatting with Lady C” изјавила дека дошло до недоразбирње бидејќи, како што се тврди, коментарот на Ана се однесувал на културните разлики помеѓу Британците и Американците. Тоа, како што тврди, го дознала од свои извори во палатата.

“Немало грижа околу бојата на кожата на Меган. Ана била загрижена дека ќе дојде до проблеми доколку тој брак се случи и доколку имаат деца. Не поради бојата на кожа на Меган, туку поради тоа што мислела дека Меган нема да биде во состојба да ги прифати културните разлики” раскажала таа.

Додала и дека Ана се загрижила дека Меган “нема да има почитување кон институцијата и семејството во кое се мажи”.

“Никој не е виновен за расизам, но принцезата Ана била првата која тврдела дека Хари не би требало да ја ожени Меган бидејќи ја сметала за нестабилна и погрешна личност за тоа место и за ова држава” изјавила таа.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *