Меган лажела во текот на интервјуто? Неговата пријателка го разоткрила нејзиниот план што сака да постигне (ФОТО)

Меган Маркл и понатаму е главна тема на светските медиуми, а како што тврди нејзината некогашна најдобра пријателка, не се што сопругата на принцот Хари раскажала кај Опра е вистина.

Војвотката од Сасекс во двочасовното интервју изјавила дека не пораснала “знаејќи многу за кралското семејство” и дека не била подготвена за својата улога која и е наметната. Како што објаснила, Сара Фергусон, војвотка од Јорк, морала да ја подучи како да се наклони пред средбата со кралицата во кралската ложа во Виндзор.

Меган додала и дека принцот Хари не го пребарувала на интернет кога започнала да се забавува со него, но дека британската химна сепак морала да ја изгугла.

Меѓутоа, Меган признала дека ја познавала роднината на сопругот, принцезата Еугенија пред да го запознае него. Но, Нинаки Приди, најдобрата пријателка на Меган Маркл од детството, тврди дека актерката била фасцинирана со кралското семејство.

Фотографијата на петнаесетгодишната Меган како позира во центарот на Лондон пред Бакингемската палата со пријателката Нинаки во текот на патувањето во Европа во 1996. година, се појавила пред венчавката во мај 2018. година.

Авторот на книгата за кралското семејство, Роберт Џобсон нагласил дека не верува во тврдењата на Меган дека во сето тоа влегла неподготвена.

“Меган е неискрена од почетокот, од тој момент кога тврдеше дека не знаела кој е принцот Хари. Полна со ентузијазам зборуваше за членовите на кралското семејство во интервју повод веридбата”, изјавил Џонсон.

Нинаки раскажа и дека нејзината некогашна пријателка Меган, била фасцинирана и многу се интересирала за кралското семејство.

-Знам дека беше фасцинирана со нив. Имаше книга за принцезата Дајана: “Diana: Her True Story” на својата полица, дури и кога беше со Тревор (Енгелсон, за кој беше мажена од 2011-2013) му рече дека сака да отпатува во Лондон и да остане таму барем месец дена. Не се сеќавам кога точно беше, но беше во Брак со Тревор и глумеше во серијата “Одела”. Неколку пати спомена дека сака да отпатува таму – изјави за странските медиуми и додаде:

-Не бев изненадена кога слушнав за принцот Хари. Знам дека некогаш обожаваше филмови за Принцези, за девојка од народот која станува дел од кралското семејство. Беше опседната со идејата – изјави поранешната најдобра пријателка на Меган.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *