“Медена земја”: Атиџе нема ни за леб, јаде еден оброк и живее без струја и вода

Новата емисија “Срце на дланка” која веќе четврта недела се емитува на телевизијата Алфа, својата последна епизода ја посвети на медената Атиџе Муратова која повторно е заборавена од властите.

Атиџе е хероината на која и се поклонија најголемите и најлегендарни филмски критичари и актери, хероина која ја претстави Македонија во најдоброто светло, мака мачи да врзе крај со крај во Македонија.

Иако целата македонска јавност се радуваше на нејзините успеси и на нејзиното блескање на црвениот тепих, не е се толку шарено во нејзиниот живот, воглавно поради неспособноста на државните власти.

Додека траеше еуфоријата околу оскарите, беше ветено дека ќе ја вработат во општината Лозово, дека е и помогнат да го заврши кровот на куќата, па дури и ќе и овозможат да ги сними своите песни.

Денес Атиџе преживува со еден оброк на ден, без струја и вода. За Атиџе ништо не се направи, тоа го потврдува и самата таа.

Доколку сакате да и помогнете на прекрасната Атиџе, ова е трансакциската ссметка за помош на Атиџе Муратова.

210-5017365248.95 НЛБ Банка АД Скопје

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *