Месец дена правела по 50 стомачни на ден, после само еден месец таа изгледа неверојатно

Џен Синриќ одлучила максимално да се потруди за да добие “плочки” на стомакот.

Со оглед на новонастаната ситуација, вежбањето дома станало прилично популарно.

Многумина сметаат дека стомачните се сигурен пат за добивање на познатите “плочки”. Но, дали тие навистина се најдобра вежба и дали тие ќе ви го обезбедат она што го посакувате?

Што можете да очекувате?

Одговорот на тоа прашање го има Џен Синрич, жената која одлучила да го прифати предизвикот “50 стомачни дневно”. А за многумина, резултатите од нејзиниот труд изгледаат навистина неверојатно.

Пред почетокот на предизвикот одлучила да дознае во што се впушта и што од него може да очекува. Им се обратила на фитнес тренери и ги запрашала што може да очекува после месец дена секојдневно изведување на стомачни.

Експертите се согласиле: Триесет дена не е доволно за добивање на стомачни мускули, дури и дневно да правите по 100 стомачни.

Она што можете да го очекувате е промена на психичка база, повеќе отколку на физичка. Бен Боудро, сопственик на фитнес центар изјавил дека постојат многу подобри вежби за стомачни мускули од обичните стари стомачни вежби, но напоменал дека секое вежбање е сепак корисно.

После секојдневно изведување на стомачни, навистина ќе започнете да забележувате мали промени

Џен своите вежби ги изведувала на простирка за јога, и како што вели, немала проблем да ги направи сите 50 стомачни во континуитет. Меѓутоа, често се борела сама со себе и со изговори, како што се: “Работев цел ден, заслужив мала пауза”, или “Утринава станав многу рано и сум навистина уморна”. Сопругот и бил голема поддршка и својата задача, без оглед на изговорите, секогаш ја извршувала. “Навистина ја чувствував дефиницијата и силата во горниот дел од абдоменот, меѓутоа, видов и некои мали подобрувања во својот изглед”, изјавила Џен.

Стомачните навистина се прават во кујната!

Без оглед на тоа што се одлучила секојдневно да вежба за своите стомачни мускули, Џен не водела сметка за исхраната, ниту пак имала одреден план. “Со оглед на тоа дека не држев диети, тоа значеше дека во понеделник имаме вечери во доцните ноќни часови. Меѓутоа, она што го забележав е голема разлика во енергијата во текот на денот кога јадев брза храна и во деновите кога внимавав што внесувам во организмот”.

Џен на крајот, сепак е среќна што го прифатила овој предизвик, првенствено бидејќи се обврзала на некој облик секојдневна рутина за вежбање. “Мислам дека ова не е нешто што би им го препорачала на оние кои целат на стомачни мускули, но доколку сакате да си докажете самите себе дека можете да бидете фокусирани, предани и дисциплинирани – обидете се, можат да се случат само позитивни промени”, смета Џен.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *