Меси ќе ги тужи сите: Фудбалерот никогаш не доживеал вакво нешто, се сомнева во претседателот на Барселона

Објавено е она што не смеело да се објави.

Шпанија гори, се открило колку заработува Меси во Барселона.

Светлината на денот ја здогледа и договорот на Меси и каталонскиот клуб и поради тоа сега би требало да следи тужба.

Шпанскиот Ел Мундо, објави фотографија од договорот на Лионел Меси во кој се дознало дека еден од најголемите фудбалери во историјата на фудбалот заработил 555 милиони евра со последниот договор со Барселона.

Сепак, сега од Пиринеите пристигнуваат вести дека адвокатите на Меси ќе ги земат работите во свои раце и ќе тужат неколку личности.

Идејата е адвокатите покренат тужби против сите оние кои на медиумите им откриле колку заработува Меси, а Марк споменува пет имиња, помеѓу кои се и Џозеп Бартомеу, поранешниот претседател на Барселона и Карлес Тускетс, вршител на должноста претседател на клубот.

Причината за оваа тужба би било тоа што договорот е заштитен со клаузула за доверливост, која сега е прекршена, бидејќи деталите од договорот пристигнале во јавност.

Барселона издаде и соопштение во кое нагласи дека таа нема никакви врски со објавувањето на договорот.

“Клубот жали што договорот е објавен, бидејќи тоа е ескклузивен и приватен документ со кој се раководи според принципот доверливост помеѓу страните поврзани во договорот. Барселона категорички обива било каква одговорност за објавувањето на документот и овозможува максимална поддршка за Лионел Меси, посебно во текот на обидите да се дискредитира неговиот имиџ и да се оштети односот со клубот во кој стана најдобар фудбалер на сите времиња”, стои во соопштението на Барселона.

https://twitter.com/marca/status/1355843803568103424?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1355843803568103424%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fmondo.rs%2FSport%2FFudbal%2Fa1430182%2Flionel-leo-mesi-barselona-ugovor-555-miliona-evra-tuzba-poverljivo-detalji-bartomeu.html

Во објавата на Ел Мундо откриено е дека Меси од ноември 2017 година, годишно примал околу 138 милиони евра, во што било пресметани и бројните богати бонуси за најдобриот фудбалер на светот.

Сега поради тоа некој би можел да одговара.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *