Милијардерот го прослави својот 90. роденден: Оваа година доби и син, но и внука

Милијардерот Берни Еклестон го прослави својот 90. роденден, а на Инстаграм влегувањето во десетата деценија му го честита ќерката Тамара (36).

-Најсреќниот ден кој го слави мојот прекрасен татко. Тој всушност не сака внимание и прослави, но го заслужува тоа многу.

Секогаш размислува и работи за другите. Се надевам дека денес почувствува колку е сакан и почитуван – напиша во описот на фотографијата на која позираше со Берни и торта со број 90.

Роденден му честиташе и сопругот на Тамара, Џеј Рутленд (39).

-Среќен 90. роденден на големиот шеф – напиша тој.

Иначе, Берни оваа година доби син и внука. Поранешниот сопруг на Славица Еклстон и некогашниот шеф на Формула 1 во почетокот на јули, на прагот на својата 90. година стана татко.

Неговата сопруга Фабијана Флоси (44) на свет донесе момче на кое му го дадоа името Ејс.

-Се надевам само дека ќе живеам доволно долго за да гледам како расте син ми – изјави тогаш Берни за Дејли Мејл. Тој исто така додаде дека би сакал да има уште деца.

Неговата ќерка Тамара на средината на септември роди девојче.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *