Министерот Венко Филипче: Полицискиот час после 21 часот нема ништо да промени

Денес, министерот за здравство Венко Филипче оцени дека полициски час после 21 часот нема ништо да промени бидејќи тогаш е прилично празно. Не работат угостителските објекти и забрането е групирањето на јавни простори.

Групирањето пак во домашни услови, како што рече, останува како одреден ризик, иако има препорака собирите во домашни услови да не се случуваат.

– Затоа огромен дел од ефикасноста на мерките отпаѓа на свеста кај граѓаните дека мерките мора да се почитуваат, нагласи Филипче на прес-конференцијата во Владата.

Повтори дека мерките даваат резултати и оти во моментот не се размислува за воведување на дополнителни мерки.

– Во близу две третини од градовите има сериозно намалување на инциденцата во последните неколку недели. Остануваат критични Куманово, Штип, Прилеп, Битола и Скопје, рече Филипче.

Во однос на барањето на прилепскиот градоначалник за воведување на порестриктивни мерки во градот, Филипче за утре најави средба со раководството на Прилеп. Според моменталната епидемиолошка состојба таму, епидемиолозите сметаат дека засега нема потреба од такво нешто.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *