Мистериозна бразда на Антарктикот ги збуни научници, досега не виделе вакво нешто (ВИДЕО)

Научниците на Антарктикот останале збунети откако НАСА снимила “нешто кое се издигнувало од ледот” во текот на прелетот на сателитот, наведувајќи ја вселенската агенција да испрати некој да го истражи тоа.

Смрзнатата пустина служи како научно прибежиште за повеќе од 1.000 истражувачи околу годината, кои ги следат климатските промени и ја проучуваат историјата на Земјата. Неговиот неплоден пејзаш овозможува пристап до недопрен свет, каде што можат да ги довршат своите истражувања, иако некогаш температурите паѓаат и до минус 90 степени целзиусови.

Условите во деловите од регионот се толку сурови што научниците ретко ги посетуваат, наместо да користат сателиски податоци да ја завршат својата работа.

Меѓутоа, Сајенс Ченел во својата серија “Што на земјата?” открил една слика – која изгледа како нешто да слетало на Антартикот – појава која ги збунила научниците.

Авијацискиот новинар Џо Папалардо тврди: “Мене ми изгледа како нешто неверојатно брзо да паднало и да се запрело. Можеби нешто се срушило. Кога размислувате за нешто што паѓа во тој дел на светот,мислите на најлошата воздушна kатастрофа во историјата на Нов Зеланд”.

“Теоријата за судир добива на сила когаи стражителите откриваат дека сликата е снимена во близина на местото на најkатастрофалната воздухопловна несреќа на светот”.

Геологот доктор Алан Лестер пак, изнел повеќе детали за тоа што се случува.

Изјавил: “Тоа е едноставно ситуација каде што насекаде има бела боја”.

“Бел мраз под снегот, бели облаци горе и не постои начин да се утврди што е горе-доле”.

Како што пренесуваат медиумите, аналитичарот Марк ДАнтонио ја проучува сликата за да утврди дали тоа би можело да биде остаток од долгата опашка на авионот. Забележил и нешто кое не се согласува со теоријата.

“Изгледа како некој да стругал по мразот за да направи гигантска бразда”, вели тој.

Погледнете го видеото во продолжение и дознајте за што всушност се работи:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *