Мистеријата на жената на Хабиб: Никогаш не го виделе нејзиното лице, конечно објавена долгоочекуваната фотографија

Хабиб Нурмагомедов покажа дека е еден од најдобрите ММА борци во историјата.

Тој го совлада Џастин Гејџи и така ја потврди доминацијата во лесна категорија, а после борбата соопшти дека поради верување кон својата мајка ја завршува кариерата.

Славниот борец се повлече со импресивен скор од 29-0.

Низ целата кариера истакнуваше дека семејството била негова најголема поддршка, дека благодарение на неа ги отстварил своите успеси, а сега реши токму поради неа да се повлече од овој спорт.

Покрај родителите кои секогаш биле со него, најголемата поддршка на Хабиб е мистериозната сопруга Патимат.

Хабиб и Патимат се заедно од своето детство. Потекнуваат од исто село, оделе заедно во училиште, седеле во клупа, буквално не се раздвојувале. Меѓутоа, кога Хабиб се преселил во Махачкал изгубиле контакт. Сепак, во својата 22 година, Хабиб повторно ја сретнал својата Патимат и ги замолил родителите заедно да заминат да ја побараат. Нејзиниот татко рекол “да” и парот се венчал во 2013. година.

На традиционалната свадба по дагестански традиции имало дури 1.200 гости.

Меѓутоа, религиските уверување не му дозволуваат својата сопруга да ја покаже во јавност, дури и лицето на фотографиите од венчавката и е прекриено со непровиден вел.

Од венчавката поминале седум години, а и ден денес никој не знае како изгледа Патимат. Оваа жена претставуваше тајна за целиот свет.

Од наведените причини сопругата на Хабиб е сокриена од очите на јавноста, па дури и од очите на минувачите и соседите, и единствено е достапна само за негови очи, но една фотографија на која се наоѓа јасно покажува каков среќник е ММА борецот, пишува српскиот портал Објектив.

Foto: Printscreen/twitter

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *