Мистеријата разрешена – Конечно се знае како биле носени камењата за пирамидите во Египет

Со векови, експерти и лаици ширум светот се прашуваа – како Египќаните ги граделе пирамидите?

Постојат многу теории, од кои некои се повеќе, а некои помалку веројатни (да не ги спомнувам оние за вонземјаните), но новото откритие на археолозите во голема мера помага во одговорот.

Северно од Луксор археолозите пронајдоа рампа стара 4.500 години, за која се претпоставува дека била користена за преместување на камените блокови од каменоломот до местото каде што треба да се гради пирамидата.

Секретарот на египетското Министерство за антиквитети Мустафа Вазири рече дека за изработка на статуите бил користен алабастер, иако варовникот бил основниот материјал за изработка на пирамидите.

Ова важно откритие, смета тој, е првиот доказ што ни кажува како тешките блокови биле поместени од каменоломот.

„Системот се состои од рампа во средина и две групи скалила на страна, со дупки за столбови“, рече еден од археолозите кои го открија уредот.

Заедно со рампата пронајдени се натписи во кои се споменува доаѓањето на фараонот на тоа место, како и камени „колиби“ во кои живееле работниците, пренесува Business Insider.

Сè уште не е познато како тешките варовнички блокови биле качувани во висина по пирамидите, но можеби составот на рампата ќе даде барем дел од одговорот и на тоа прашање.

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *