Мистерија на Темпларите: Таен подземен премин украсен со милиони школки (ВИДЕО)

Во округот Кент, во селото Маргејт, се наоѓа една од најмистериозните пештери во Велика Британија. Шел Грото (Пештера од школки) е откриена во 1835 година, но нејзината намена никогаш не е утврдена.

Некои тврдат дека имала религиозно значење и дека е изградена пред повеќе од 3.000 години, а други мислат дека била комора за ритуали или ложа за витезите на Темпларите.

Пештерата се состои од подземен премин со висина од 2,4 метри и должина од 21 метар, а завршува со правоаголна соба (олтарска комора), пишува Национална Географија.

Речиси сите површини се прекриени со мозаик изработен исклучиво од школки и тоа со локално потекло. Вкупната површина на мозаикот е 190 квадратни мерки, а украсен е со скоро 4,6 милиони школки.

Како изгледа таинствената пештера, можете да погледнете во видеото во продолжение:

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *