Михаил својот именден го прослави со донација од вода и овошје за пациентите и медицинскиот персонал (ФОТО)

На денешниот голем христијански празник Св. Архангел Михаил, кога слави именден, Михаил Здравески од Прилеп, заедно со неговиот татко Крешимир, направија голем хуман гест, кој треба да биде пример а многумина.

Ова младо момче, заедно со неговиот татко кој објави на социјалните мрежи за прекрасниот гест, однесоа великодушна донација од овошје и вода за пациентите и персоналот во Инфективното одделение при градската општа болница “Борка Талески”.

Постот на Крешимир Крешо Здравески ви го пренесуваме во целост:

“Денеска е именденот на мојот лав Михаил Мики Здравески и тој реши оваа година еве вака да го ‘прослави’ именденот, со донација на овошје и вода за пациентите и персоналот.

Жал ми е, што ова била прва донација.

Мислев дека луѓе и фирми донираат обична вода и храна, овошје, што било, но ете, за жал, не било така.

Ова нека биде поттик да се поправиме сите како луѓе за да не се срамиме од самите себе си пред состојбава и идните генерации.

Јас и моето семејство, не застануваме овде. Веке се поттикнати и фирми и поединци и сепак ќе покажеме дека можеме да бидеме едни обични луѓе со душа и срце.

Државата е наша и мора ние да се грижиме за неа и за самите нас.

Нека е за многу години Св. Архангел Михаил и господ на сите болни да им даде сила да оздрават, да немаме веќе починати и сите заедно со божја помош и нашите лекари и медицински персонал да излеземе што поскоро од ова дереџе.

Македонијо, македонци, на нас е редот!

Благодарност до доктор Мирјана Крстеска, која не пречека со топло срце иако беше преплавена со пациенти. Господ да ве чува.”

Цета на ова прекрасно семејство е да ги поттикнат граѓаните и фирмите кои се во можност да донираат и да помагаат во овие тешки денови.

Фото: Фејсбук/Крешимир Здравески

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *