Млада девојка бара помош поради проблеми во бракот за нешто кое го направила во средно школо: “Сите ме мразат”

Исповед на млада девојка за брачнте проблеми, која има несогласувања со сите околу неа поради нешто кое го направила додека била млада и палава тинејџерка.

Како дете се гледала со момче кое никогаш повеќе во животот не требало да го види. Но, тој после две години заѕвонил на врата на нејзиното сегашно момче.

Оваа 19 годишна девојка повлекла непромислен потег, поради кои сега ја мрази целата фамилија на нејзиното момче. Имено, пред да започнала врска со него, се гледала со неговиот најдобар пријател.

“Тоа момче беше многу популарно во школо и се гледаше со многу девојки. Кога имав 17 години, ме освои со неговата приказна и завршивме заедно. Набрзо го прекина секој контакт со мене, а дознав и дека имал девојка, две недели после тоа”, раскажува таа за познатиот The Sun.

Се изненадила кога го видела на врата

“Знаев дека школото кога тогаш ќе заврши, па не ми беше многу гајле за целата ситуација. Моето сегашно момче, кое е година дена постаро од мене, го запознав на факултет. Иако карантинот на почетокот на пандемијата не раздвои, набрзо ми предложи да се преселам кај него и неговите родители. Се беше одлично додека неговиот пријател не дојде кај нас”, продолжува девојката.

Таа, имено, немала воопшто поим кое е всушност момчето од средно школо, стар пријател на нејзиното сегашно момче, прилично близок во тие времиња. Одлучила да премолчи за својата приказна, но после недела дена не можела да издржи и му признала на сегашното момче.

Веста набрзо се проширила во целото семејство

“Моето момче не беше среќно, но рече дека тоа е мое минато и дека тој го прифаќа сето тоа, бидејќи во тоа време тие воопшто не се познавале. Проблемот настана кога и раскажал на нејзината мајка. Таа сега едвај разговара со мене, а се му раскажала и на својот сопруг, како и другиот син, братот на моето момче. Се чувствувам како да не ме поднесуваат и размислувам да се вратам назад дома”, заклучила оваа 19 годишна девојка.

“Добро е што твоето сегашно момче не сака да чепка во твоето минато, туку за него е важна исклучиво сегашноста, што е одлично за вашата врска. Тој е емоционално многу зрел за своите години. Мајките знаат да бидат љубоморни на девојките на своите синови, но најдобро би било убаво да поразговараш со неа. Кажи и колку го сакаш и почитуваш нејзиниот син и дека ти е многу жал поради приказната со неговиот стар пријател. Се надевам тие ќе разберат”, советува познатата колумнистка на The Sun, Деидра Сандерс.

Што би направиле вие во оваа ситуација?

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *