Млада мајка открива како заштедила 20.000 евра, престанав да ги купувам само оние 3 работи

Мајка на буџет, соделува најдобри совети поврзани со штедење.

Едноставни совети, кои даваат сјајни резултати и кои дефинитивно треба да ги испробате.

Доколку се прашувате како да имате повеќе пари, и барате совет кој би ви помогнал да заштедите, вие сте на вистинското место.

Кумико Лав е сопственичка на блогот “Мајка на буџет” кој е многу популарен, и со своите читатели сподели стратегија која и помогнала за осум месеци да заштеди повеќе од 5.000 долари.

Вели дека за нејзиниот успех бил вклучен првиот чекор, кога седнала, и пресметала на што троши пари и одлучила да се откаже од три работи, за почеток. На крај, тоа довело до исплата на долгот за колеџ кој изнесувал околу 77.000 долари.

Нова облека

“Кога престанав да купувам облека, автоматски на сметката имав помеѓу 200 и 300 долари повеќе секој месец. Најпрво самата во целост си го забранив, а потоа одредив месечен буџет од 35 долари само за да ги заменам работите кои се искинати, како што се чорапи или долна облека”, вели таа.

Лав вели дека и е осми месец без купување на нова гардероба и дека ова и овозможило да сфати што всушност сака да носи.

Достава на храна

Како новопечена мајка, камико наведува дека немала многу време за готвење така што најмалку пет или шест дена неделно јадела храна доставувана од локалните ресторани.

Кога престанала тоа да го прави, имала дополнителни 300 долари месечно. Следниот чекор било внимателно планирање на оброците и купување намирници.

“На крај, од 800 долари месечно потрошени на храна, пристигнав на само 400 долари”, изјавила таа.

Брендирани артикли

“Храната е голема ставка во моето трошење, и потоа ја направив најважната работа. Престанав да купувам познати брендови кога е во прашање храната, и започнав да купувам локални, безимени варијанти. Сфатив дека сето време само сум била навлечена на производи од одредени брендови. Купување на иста храна, но во верзија која ја нуди локалната бакалница со свој потпис, заштедив многу пари на овој начин” изјавила таа.

Лавова наведува дека секој кој сака да заштеди, мора најпрво да направи две работи. Да го пронајде своето зошто – причина и мотивација и да престане да фрла пари и да заштеди одредена сума, како и задолжително да води дневник за штедење за да има увид во сите бројки.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *