Млад пар правел свадба во Хрватска, па гостин им украл ги украл сите пари од поклоните за свадбата

Еден млад брачен пар се изненадил кога видел дека 80.000 куни (повеќе од 10.000 евра) кои ги добиле на свадбата – исчезнале.

Парот од Пруговац, населба на подрачјето на општината Клоштар Подравски во Хрватска, нечесто проверувал дали заштедата им е на број, но штом сфатиле дека парите им исчезнале, пријавиле во полиција. Тие набрзо откриле дека крадецот е 22 годишно момче кое младенците добро го познаваат, бидејќи им е сосед, но и кум.

-Се венчаа минатата година и таа заштеда всушност им беше собрани пари од сватовите. Осомниченото момче често заминувало кај нив бидејќи биле во одлични односи и дури сопственикот на куќата му е крстен кум – раскажале соседите на парот.

Момчето досега не било склоно кон кражби па сите останале изненадени кога дознале кој го терети полицијата за исчезнувањето на парите.

-Само тој знае што го натерало на кумовите да им ги украде парите и тоа заштедата од сватовите која ја чувае за вложувања во куќата, Бидејќи момчето често доаѓало кај кумовите, очигледно добро знаел каде ги чуваат парите и ја искористил приликата за да ги украде – велат соседите.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *