Многу поразличен од неговите претходници: Папата Франциск 30 години веќе не гледа ТВ и сам си ја подгрева храната

Се навршија седум години откако Хорхе Марио Бергољо, син на италијански мигранти од Аргентина, е именуван за врховен поглавар на Католичката црква.

За папата Франциск се знае дека нема ништо против селфија, не гледа телевизија од 1990 година и дека сам си ја подгрева храната во микробранова печка.

Папата Франциск за себе има толку скромно мислење што, кога на 13-ти март 2013 година се појавил на балконот на базиликата Свети Петар, изјавил дека кардиналите морале да трагаат до крајот на светот за да го пронајдат новиот поглавар.

Папата, кој американската агенција го опишува како “прилично поинаков вид на папа”, сака аргентински чај, пати од ишијас и во своите 40-ти години посетувал психоаналитичар со цел “да ги прочисти своите мисли”.

Омилени филмови му се “Улица” и “Рим, отворен град” на Федерико Фелини, а телевизија не гледал од 15-ти јуни 1990 година, кога ѝ ветил на Дева Марија дека тоа никогаш повеќе нема да го прави.

Ги сака Моцарт и Бах, а омилени книжевници му се Достоевски и Борхес.

Секое утро станува во 04:30 часот, по ручекот сака да одмара додека на спиење оди до 22 часот навечер.

Кога тргнува на пат, тој со себе задолжително носи брич и молитвеник. Познато е дека папата Франциск нема ништо против позирање за селфи бидејќи “тоа го прават денешните деца”.

 

 

Author: P E

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *