Мојата другарка повеќе не разговара со мене бидејќи не го поканив нејзиниот син на роденден

Мојата најдобра другарка не разговара со мене половина година, бидејќи се налути што нејзиниот син (10) не го повикав на роденденот на својот син.

Проблемот е во тоа што нејзиниот син има пречки во развојот и го упропастува секој роденден на моите деца, кога и да го повикам.
Мојата пријателка не може да го контролира, иако се труди. Еднаш ја заби целата рака во тортата и ја уништи, еднаш сакаше да ги отвора поклоните и ги фрлаше на под, вриштеше, ги удираше другите деца, ги кршеше поклоните и играчките, ги плаши децата со своите врисоци.

Сака тој да ги дува свеќите, сака се за себе. Агресивен е.

Мојот син (11) и мојата ќерка (8) секој роденден го завршуваат со солзи поради него и мојот син ме моли да не го викам повеќе.

Мене навистина ми е жал за мојата пријателка и нејзиниот син, но едноставно и кажам да дојде ден после роденденот на торта, бидејќи тогаш нема да има никој, па нејзиниот син нема да биде под стрес.

Тој секако не сака гужви и лошо реагира. Ништо од ова не и кажав неа, ниту пак и префрлив поради изминатите инциденти, но таа смртно се навреди и повеќе не ми се јавува.

Навистина не знам што да правам”, праша за совет млада мајка од Србија.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *