Мојата сопруга не сака да слушне да има деца во Македонија, или во странство или развод

Имам 30 години и потекнувам од Скопје, последниве три години живееме на релација Македонија – Хрватска.

Во врска сум со мојата девојка 7 години и таа е 3 години помлада од мене, но постојано е со мене, имајќи во предвид дека работи за истата хрватска фирма како јас. Во Хрватска имам драстично подобри услови од Македонија, имајќи во предвид дека работиме во хотелиерството.

Јас сум професионален готвач, а таа работи на рецепција, платите се огромни, во споредба со мизерните плати во Македонија, имаме по 2 слободни дена, работиме само 8 часа дневно и 9 месеци годишно.

Ноември, декември и јануари секоја година имаме одмор и примаме плата. Кога сме во Македонија, наоѓаме некоја работа колку да се губи време, имајќи во предвид дека примаме плата од хрватската фирма.

Минатата година таа стана шеф на рецепција и е презадоволна. Платата и е речиси 5 пати поголема од просечната плата во Македонија. Во Македонија, бидејќи работиме нешто колку да се рече, имаме многу слободно време, па тие 3 месеца ги користиме за да патуваме.

Иако Хрватска ни нуди подобри услови, јас некако сум заљубен во Македонија, би сакал моите деца да расте овде и би сакал да го градам животот тука. Меѓутоа, откако ја започнавме приказната за децата, таа не сака да слушне да останеме во Македонија, туку да ги одгледуваме во Хрватска или во некоја друга европска земја.

Ја разбирам во некоја рака, но сепак сметам дека децата треба да растат во Македонија, кога и реков дека јас сум одлучен децата да растат во Македонија, таа ми спомена развод.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *