Музичарот има богатство од 800 милиони, а на жената после разводот не сака да и даде ниту долар (ФОТО)

Откако ова лето е објавено дека музичкиот продуцент Доктор Дре и неговата сопруга Никол Јанг се разведуваат после 24 години брак, во јавноста испливаа и детали од овој, како што изгледа, макотрпен развод.

Никол Јанг (50), која поднела барање за развод, од музичарот чие богатство се проценува на 800 милиони долари бара алиментација во износ од два милиони долари месечно, а сега побара и увид во неговите деловни документи, што Дре (55) одбива да го стори.

“Тој се обидува да ја изгладни и да ссе извлече од сето ова. Сака да ја остави без долар”, изјави нејзиниот адвокат за Дејли Мејл.

Како што пренесува британскиот весник, Дре тврди дека, на основа на предбрачниот договор кој го потпишале во 1996 година, неговите работи не треба да ја интересираат неговата сопруга.

“Никол не беше вработена во текот на нивниот брак кој траел 24 годни, туку била дома и се грижела за децата. Во текот на нивниот брак, имотот е зголемен за речиси милијарда долари, а тој не сака потоа да го добие својот дел”, тврди нејзиниот адвокат.

Дре од судот во Лос Анџелес побарал заштита која би ја ограничила количината на документи во кои Никол има право на увид додека таа не потпише договор за доверливост за неговите деловни тајни да не протечат во јавност, што таа одбива да потпише.

Никол и Дре се венчале во 1996. година. Заедно имаат две возрасни деца, синот Труси и ќерката Трули, а Дре освен нив има уште пет деца со други жени.

Author: Р К

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *